Бугарија: Специјален систем ќе го прочистува воздухот околу бензинските пумпи

21

pumpa

До крајот на годината, секоја бензинска станица во Бугарија треба да биде опремена со систем што нема да дозволува испарување на пареите од бензинот во воздухот. На секој пиштол за полнење треба да се постави специјален уред кој ќе ги враќа пареите во резервоарот, јавува Бтв.

“Докажано е дека кога нема ваков систем за справување со пареата од бензините, нивото на загадување може да биде седум до 10 пати над дозволеното за заштита на човековото здравје”, вели Елена Јакимова, експерт во Министерството за животна средина.

Дел од бензинските пумпи веќе го имаат инсталирано системот. За оние што ќе работат без ваков систем, ќе следуваат казни од 2.500 до 10.000 евра.