Бугарија, традиционално, не била асоцијација за автоиндустријата. Меѓутоа, оваа држава постепено станува светски јазол за производство на делови за автомобили. Географската положба и релативно евтината работна сила привлекуваат се повеќе странски компании, пишува Ал Џазира.
“Во минатото, Бугарија имаше имиџ на корумпирана држава, што веројатно ги одбиваше странските инвеститори. Мислам дека ваквата слика е изменета. Во земјата доаѓаат се повеќе компании како нашата, што е доказ дека работењето во Бугарија веќе не претставува голем ризик”, вели Ерик де Кандидо, директор на филипинската компанија IMI, која од неодамна почна да работи во оваа земја.
Покрај оваа филипинска компанија, во Бугарија во автоиндустријата работат уште десетина компании од Германија, Јапонија и Јужноафриканската република. Бројките покажуваат дека извозот во овој сектор е удвоен во последните пет години и изнесува милијарда евра, што е скоро 5% од вкупниот извоз.