Бугарија: Стрес тестови за банките секоја година

18

bnbБанките кои работат на бугарскиот пазар ќе бидат подложени на стрес тестови од Бугарската народна банка (БНБ) најмалку еднаш годишно. Паралелно со тоа, БНБ ќе треба еднаш годишно да изготви план за надзорни проверки на сите банки во земјата. Тоа се предвидува со проектот за промена на Законот за кредитните институции, кој е објавен на веб страната на Министерството за финансии, пишува Стандарт.

Банките до БНБ ќе треба да испратат планови за реструктуирање при евентуални проблеми, кои централната банка ќе треба да ги утврдува. Барањето за адекватност на капиталот од минимум 12% ќе биде укинато, бидејќи Бугарија ќе мора да го прифати прагот за капитална адекватност, валиден за сите земји на ЕУ – минимум 8%.

Промените се прават заради посветеноста на земјата да ги спроведе европските директиви поврзани со регулирањето на банките во ЕУ.