Бугарија: Туристите од Македонија најбројни во декември

15

borovec

Туристите од соседните земји на Бугарија се најбројни во декември минатата година и претставуваат две третини од вкупниот број на туристи што ја посетиле земјата, покажуваат податоците на бугарската статистика.

Во текот на декември, како што пренесува Dnevnik.bg, Бугарија ја посетиле 38.500 Македонци, што е за 10% повеќе во однос на истиот период лани. Пораст од 15% има кај туристите што доаѓаат од Турција (30.870), додека бројот на српските туристи е ист како и минатата година – 26.600.

Романците и Грците, како што се наведува, го зафаќаат четвртото и петтото место, според број на туристи во Бугарија.

Од земјите што не се соседи со Бугарија, најмногу туристи има од Русија и Израел, по околу 6.500 лица. Зад нив се Германците (4.700) и Британците (3.200).