Во следните две години се очекува во Бугарија да почне производството на електрични автомобили на германската компанија e.GO Mobile, изјави бугарскиот технички министер за економија, Кирил Петков, на брифинг во Советот на министри.
Компанијата е една од двете со хомологација на ЕУ (издавање дозвола од официјално тело). Втората голема компанија во Бугарија – Бош, ќе дава многу делови за овие автомобили и тие ќе бидат произведени вo земјата, пренесува МИА.
“Ние не зборуваме само за монтажа, туку зборуваме за кластер – како бугарските компании што произведуваат делови ќе им продаваат на компаниите за автомобили што се произведуваат во Бугарија за извоз“, рече Петков.
Според министерот, германската компанија брза бидејќи во моментот конкуренцијата за електрични автомобили е голема и кој излезе прв на пазарот со најновите автомобили има предност.
“Се надеваме дека реално за две години ќе се гради фабриката и дека ќе ги имаме првите произведени автомобили“, додаде тој.
Фото: Facebook