Бугарска компанија развива иновативен метод за дијагностика на белодробни заболувања

46

bg

Бугарската компанија Комак Медикал е избрана од Европската комисија за една од најиновативните во светот. ЕК ќе ја финансира истражувачката работа и развивање на сосема нов вид на технологија за дијагностицирање на белодробни заболувања. Пронајдокот ќе овозможи брзо и евтино лоцирање на воспалителни процеси во дишните патишта и дегенерација на белодробно ткиво само преку мерење на температурата на издишаниот воздух, пишува софиски Дневник.

Проектот под водство на проф. Тодор Попов е во првата фаза. Во рок од три месеци треба да докажат дека нивната идеја е остварлива, потоа ќе следува развој, па ако сè оди според планот, апаратот ќе влезе во масовно производство за неколку години.

За првиот чекор од проектот – изготвување на бизнис план и истражување на можност за негово остварување, бугарската компанија од ЕК ќе добие 50.000 евра. За следните фази, во зависност од цената на производот, сумата ќе оди до 5 милиони евра. Третата фаза ќе биде пуштање во масовно производство и дистрибуција.