Бугарски старт – ап креираше електронски етикети за заштита од фалсификат

49

nfc_stikers

Бугарскиот старт-ап ReCheck создаде електронски етикети за производи како алкохол, електроника, лекови, накит и уметнички предмети со што ќе се докажува нивната оригиналност и ќе се заштитат од кражба.

Основачите Емилијан Енев и Емил Стојанов се убедени дека е-етикетите ќе ја добијат битката со фалсификатите. Е-етикетите се пред сè наменети за премиум производи, бутици со луксузна стока, колекционери или производи со поголема вредност и поголем ризик да бидат фалсификувани, пишува Investor.bg.

“За првите пет месеци од работењето го направивме првиот прототип на електронските етикети, кои се користат за заштита на брендовите, но имаат и многу други интересни функции”, вели Стојанов за Bloomberg TV Bulgaria.

Системот ReCheck е базиран на blockchain технологијата и освен за докажување на автентичност и оригиналност, дава можност за управување со гаранцијата и сопственоста, препродажба на производ со докажано потекло, заштита од кражби, програми за лојалност… Освен тоа, е – етикетите овозможуваат производителите да градат лични односи со нивните крајни корисници, да добијат повратна информација за купените производи, да комуницираат што клиентите би сакале да добијат од омилените марки.

Производот во моментот се тестира на бугарскиот пазар, а креаторите се надеваат дека набрзо ќе го понудат и во Европа.