Бугарскиот парламент го затвори случајот нуклеарна централа Белене. По четиричасовна жестока дебата, пратениците изгласаа стоп за проектот Белене.
Одлука на бугарскиот парламент доаѓа по еден месец откако мнозинството граѓани на референдум ја поддржа изградбата на нуклеарката, но според официјалните податоци, на него учествувале само 20,2% од гласачкото тело, што не е доволно за резултатот да биде обврзувачки.
Парламентот истовремено и препорача на Владата да објави отворен меѓународен тендер за изградба на нов реактор во нуклеарната централа Козлодуј и да се забрзаат процедурите за продолжување на рокот за употреба на 5-тиот и 6-тиот блок на оваа нуклеарка.