Бугарско – македонска бизнис манифестација во јуни

42

На седницата на Источниот плански регион која се одржа во Берово, градоначалниците ја прифатија иницијативата на Бугарско-македонската стопанска комора за организирање заедничка стопанска манифестација во Македонија со цел зајакнување на стопанските паралели меѓу општините од двете држави.
“Одржувањето на ваква манифестација е од особено значење за развој на стопанството на двата региона. На средбата, која се планира да се одржи во јуни, ќе учествуваат градоначалници од Источниот плански регион во Македонија, владини преставници и преставници од бизнис секторот, како и градоначалници од Благоевградската област во соседна Бугарија”, изјави Тони Тоневски, претседател на Источниот плански регион.
Оваа средба, посочи Тоневски, ќе придонесе за заемна соработка на општините, зајакнување на соработката во повеќе области, како и завршување со реализација на започнатите заеднички проекти во рамки на прекуграничната соработка, искористување на ИПА фондовите и реализација на нови проекти.