Bugatti го претстави своето „Фаберже јајце“ по цена од 200.000 евра

73

На „Бугати“ не му е непознато ставањето на рачни часовници, билјард маси, електрични скутери на пазарот под сопствен бренд, а отсега на листата се приклучуваат и уметнички дела. Во соработка со британската компанија Asprey, специјализирана за накит, мебел, часовници и воопшто луксузни предмети, тие создадоа колекција од сопствена интерпретација на јајцата Фаберже.

Asprey Bugatti Egg Collection е линија на декоративни производи во совршена форма на јајце, изработена од метал, јаглеродни влакна и други материјали кои вообичаено се користат во производството на луксузни автомобили. Сето ова е збогатено со сребрени аксесоари, дијаманти и, се разбира, е рачно доработено до совршенство. Дизајнерските детали се позајмени од возилата на „Бугати“.

Јајцата ќе бидат изложени во новата галерија на Asprey во Лондон овој месец, а може да се нарачаат онлајн. Планираната серија ќе биде ограничена на 111 примероци.

Што се однесува до цената, првите 100 јајца ќе се продаваат по цени меѓу 20 и 50 илјади евра, додека оние со сериски броеви поголеми од 100 ќе чинат над 200.000 евра.

Фото: Facebook