Букурешт е многу работи. Но сигурно не е една работа – Будимпешта. Вака почнува рекламата за чоколадото РОМ што ја изработи агенцијата McCann Букурешт. Преку чоколадото всушност се спроведува една цела кампања за тоа каде се наоѓа Букурешт, а каде Будимпешта. На многу духовит начин, во видеото се објаснува дека целата забуна околу тоа кој град е во Романија, а кој во Унгарија започнала во 1990 година, кога Мајкл Џексон на концерт во Букурешт излегол на сцена и рекол “Здраво Будимпешта!” Истата грешка ја направиле и Iron Maiden, Morcheeba, Lenny Kravitz, Metallica, Ozzy Osbourne, Whitesnake… Овој проблем доживува кулминација кога во 2012 година околу 400 навивачи на Athletic Bilbao го пропуштија финалето на Лига Европа, затоа што наместо во Букурешт, слетале во – Будимпешта.
Најчитани
Македонката Светлана Мојсов доби престижна награда од шпанското Кралско семејство
Светлана Мојсов, македонска хемичарка која живее и работи во САД, е една од добитничките на престижната награда „Принцеза на Астуриас“ за 2024 година, во...
Усвоен предлог буџетот за 2025 година „тежок“ 5,8 милијарди евра
Владата денеска на седница го усвои Предлог-буџетот за 2025 година кој носи стабилизација на јавните финаснии и екононски раст, со истовремена фискална консолидација. Обезбедивме...
Што е солемнизација?
Од една страна, нотарот проверува дали договорот е составен во пропишана форма, а од друга страна на странките им ја објаснува смислата и последиците од тој договор.
Alibaba тврди: Ние сме подобри од Google и ChatGPT
Меѓународната подружница на Alibaba во средата лансираше ажурирана верзија на својата алатка за превод базирана на вештачка интелигенција, за која вели дека е подобра...
Најголем пад на продажбата на Мекдоналдс во последните четири години
Американскиот ланец ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ забележа глобален пад на продажбата од 1,5 отсто, што е најголемо намалување во последните четири години.Најголем пад...