Букурешт размислува да добива топла вода од соларни панели

42

solarni-paneli-pixabay

Фото: Pixabay

Градот Букурешт размислува да постави соларни панели на зградите во градот за да добива топла вода. Проектот е дел од стратегијата за топлинска енергија во градот, која ќе се дискутира во Генералниот совет на Букурешт, пишува Romania Insider.

Се проценува дека проектот за поставување соларни панели ќе чини 473,9 милиони евра, а проектирана е годишна заштеда од 90,7 милиони евра.

Според структурата на потрошувачката на топлинска енергија, околу 25% од топлинската енергија оди за топла вода. Оваа потрошувачка може да се обезбеди преку употреба на обновливи извори на енергија, односно соларни панели, стои во стратегијата.

Соларните панели можат да ги задоволат потребите на потрошувачката на топла вода во текот на летото, а во есен и пролет можат да покриваат 60% – 80% од потребите, предвидува стратегијата.