Бундесбанк: Германската економија ќе стагнира во третиот квартал

Германската економија ќе стагнира во третиот квартал, процени Бундесбанк во својот августовски извештај.
Прогнозата е малку посветла отколку во јуни, бидејќи централната банка сега очекува Германија едвај да избегне трета година по ред рецесија оваа година.

Пред сè, ревидираните податоци од националниот завод за статистика покажуваат дека Германија, исто така, ја заврши минатата година со кревок раст, што значи малку „подобра почетна позиција за 2025 година“.

Проценките се малку поповолни за тековниот квартал поради неочекувано добрите индикатори. Сепак, дури и по принципиелниот договор меѓу САД и Европската унија за царините, многу важни прашања сè уште остануваат отворени поради нејасната трговска политика на Вашингтон.

Затоа, Бундесбанк не очекува никаков раст на индустриското производство во периодот јули-септември, ниту позитивен импулс во градежниот сектор, и покрај индикациите дека има повеќе нарачки.

Во исто време, ограничувањето на пазарот на трудот продолжува да ја обесхрабрува домашната потрошувачка.

Според прелиминарните проценки на Дестатис, Германија била во рецесија со стапка од 0,1 процент во вториот квартал. Детална статистика се очекува во петок.