Bundesbank предупредува: Ако корона мерките продолжат, германската економија оди во “рикверц“

59

Германската економија успева да остане на површина, но може да претрпи “значителен застој“ доколку повторно се продолжат ограничувањата воведени поради коронавирусот, предупреди централната банка на земјата, Bundesbank.

Во борбата против вториот бран на пандемијата, Германија воведе построги мерки минатата есен, како затворање на училишта и продавници, со цел да се намали движењето и собирањето луѓе.

Централната банка процени дека германската економија би требало да може да одолее на влијанието на постојните ограничувања, но и дека може да оди “во рикверц“ доколку ограничувачките мерки се продолжат или заострат, пренесува Ројтерс.

“Ако епидемиолошката состојба не се подобри и сегашните ограничувања на економската активност не завршат или дури и се заострат, може да има значителен застој“, наведува Bundesbank во својот месечен извештај.

Фото: Pixabay