Бункер на милијардери – дали е ова најбезбедниот остров

214

Индиан Крик е остров на богатите и славните, кој се наоѓа во заливот Бискејн во  Мајами Бич. Поради високата заштита на приватноста и безбедноста, но и профилот на луѓето кои го поседуваат, островот се нарекува и бункер на милијардери.

Имоти имаат купено финансиски инвеститори, саудиски шеици, руски нафтени магнати, поранешни спортски легенди, пејачи и модели. За ексклузивноста на местото придонесува и фактот дека на островот е достапен само 41 имот.

Спектакуларните домови вклучуваат спортски сали, спа, пространи визби за вино, џакузи и други луксузи, а просечната цена на имотот на островот е околу 20 милиони долари. Луксузните вили се опкружени со богато зеленило – има и прекрасен терен за голф со 18, но и големи базени и приватни плажи со поглед кон заливот.

Фото: YouTube Printscreen