Burger King ги повикува Британците да нарачуваат од McDonald’s

169

Burger King ги повика Британците да порачуваат храна од McDonald’s, Taco Bell, KFC… за да се зачуваат работните места во прехранбениот сектор, пренесува Business Insider.

“Никогаш не ни помисливме дека ќе ве замолиме да го направите ова, да ве поттикнеме да нарачувате храна од KFC, Subway, Domino’s Pizza… и други ресторани за брза храна… Никогаш не помисливме дека ќе ве замолиме да го направите тоа, но рестораните вработуваат илјадници луѓе и во овој момент имаат голема потреба од поддршка“, стои во твитот на Burger King.

Велика Британија влегува во карантин, откако земјата регистрираше огромен број на заразени со Ковид-19. Сите ресторани во коишто се служи храна ќе бидат затворени најрано до втори декември, а ќе нудат само храна и кафе за носење.

Таква ситуација предизвикана од пандемијата го промени и односот помеѓу лутите конкуренти, па Burger King на Twitter испрати порака до сите Британци.

Оттаму порачуваат дека секогаш е добра идеја да се купи Whooper (хамбургер на Burger King), но и да се порача Bic Mac (хамбургер на McDonald’s) не е толку лошо.