BYD е во преговори за преземање на фабрика во Франција

BYD потврдува дека склучил ексклузивни преговори со INEOS Automotive за преземање на неговиот производствен погон во Хамбах, Франција. Предложената трансакција е сè уште предмет на консултации со надлежните работни совети. Целта е таму да се произведуваат возила наменети за европски возачи.
– Нашата посветеност кон Европа е долгорочна. Предложената инвестиција во Хамбах ја одразува нашата доверба во Франција и нашата амбиција за понатамошен раст во Европа. Сакаме да им понудиме на европските потрошувачи избор на возила произведени во Франција, доближувајќи им ја нашата технологија и иновации во областа на електричната мобилност. Преку овој проект, решени сме да го одржиме производството, да ги поддржиме локалните работни места и да создадеме нови можности за работниците и добавувачите во регионот. Производството блиску до нашите клиенти е дел од нашата стратегија за зајакнување на нашата водечка позиција во областа на електричната мобилност и да придонесеме за растот на европската автомобилска индустрија. – изјави Стела Ли, извршен потпретседател на BYD.
Покрај фабриката што ја изгради во Унгарија (пробното производство започна), кинескиот производител BYD очигледно планира уште поголемо проширување на производството. Планирана е фабрика во Турција, а објект во Франција би бил нов важен чекор. INEOS Automotive го произведува теренецот Ineos Grenadier и пикапот Quartermaster во споменатата фабрика. Патем, фабриката во Хамбах претходно беше во сопственост на Mercedes и таму се произведуваа моделите Smart.