Cairbag – систем за безбеден транспорт на течен товар

123

way-2924948_960_720

Фото: Pixabay

Холандскиот инженер Ерик Eнкхорн создаде систем што обезбедува многу побезбеден транспорт на течен товар во камиони. Тој во своето истражување спроведено на универзитетот Twente ги наведува причините зошто постоечките начини на транспорт не се доволно добри и безбедни и нуди алтернативно решение за овој тип на товар.

Енкорн, кој ја поседува компанијата Accede, чија дејност е истражување и развој, десет години се обидуваше да најде подобра алтернатива за транспорт на течниот товар. Резултатот е систем на надувување наречен Cairbag, еден вид на воздушно перниче направено од гума или TPU (термопластичен полиуретан) што се наоѓа внатре во резервоарот на камионот.

Специјалните торби, што не ја менуваат својата форма, го заземаат целиот празен простор во резервоарот и го апсорбираат притисокот на течноста, спречувајќи течниот товар да се излизга. Според инженерот, овој систем овозможува и заштеда од 5% до 6% на горивото од причина што товарот не се мрда за време на транспортот.