Car:go – такси услуга во Србија како одговор на Uber

40

car go

Српска старт – ап компанија Car:go овозможува повикување на возило преку мобилен телефон, каде возачите не се такси превозници, пишува порталот Startit.rs.

Српскиот одговор на Uber е лансиран во Белград со помош на професионални возачи и препознатливи автомобили и нуди до 50% пониски цени на превозот во однос на таксистите, како и плаќање во рамки на апликацијата, што за прв пат овозможува користење на Pay Pal.

car go 1

Car:go, за разлика од сите такси услуги присутни во Србија, не соработува со таксистите, туку како Uber и Lyft, има свои возачи и се фокусира на овозможување квалитетна и поволна услуга.

Car:go ќе понуди три вида на услуги: Elite, Economy и Mini. Малите градски возила се подготвени да поврзат неколку патници и на тој начин да обезбедат поедноставен превоз, што ќе биде поевтин за 50%. За почеток, Car:go стартува во Белград, а планирано е да се прошири и во другите градови во Србија, но и во регионот.

Зад оваа услуга стојат Марко Вучиќ и Вук Губериниќ од Белград. Марко моментално живее во Вашингтон и своевремено работеше за Uber, додека Вук е извршен директор на Српската асоцијација на приватен капитал (SPEA).