CareerLaunch 2.0 – саем за кариера во tech и старт-ап компании

10

cover-photo_fix

CareerLaunch е место каде што ќе најдеш одговор на прашањето „Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?”

Summer Work & Travel Алумни Македонија и Младински Инфо Клуб — Скопје по втор пат го организираат CareerLaunch, саем за започнување на кариера во иновативни  tech и старт-ап компании.

“Преку саемот за кариера сакаме да им овозможиме на индивидуалците да ја пронајдат својата работа од соништата, а на старт-ап и tech компаниите да го унапредат својот тим со таленти кои ќе придонесат во реализацијата на идеите, иновативните проекти и нивниот целосен развој!”, стои во соопштението.

Без разлика дали си студент, вработен или фриленсер, CareerLaunch 2.0 е можност за сите кои бараат прилика за започнување на кариера во тимови и компании каде што постои интензивна средина за учење, и се негува креативноста и иновативноста.

Место и датум

Настанот ќе се одржи во петок (5-ти мај) и сабота (6-ти мај) од 14:00 – 19:00 во Универзитетска библиотека Св. Климент Охридски – Скопје.

ПРОГРАМА

Саем за кариера во иновативни tech и старт-ап компании

Дознај за можностите за кариера во заедницата на локални иноватори. Од компанија која е револуционер во образованието, до компанија што работи со нови технологии.

CareerLaunch Talks

Одбрани говорници ќе ги споделат своите практични совети за кариера. Говори кои вклучуваат приказни за tech и креативните можности во Македонија, како до работа во старт-ап, како да се искористи талентот во фриленсерската професија и др.

CareerLaunch Sharing of Knowledge

CareerLaunch е просторот каде самите компании го споделуваат свеоето знаење во нивната експертиза. Посетете ја училницата на CareerLaunch и научете од работилниците организирани од самите компании.

Настанот е бесплатен за посетители. Пријавувањето е задолжително.

Пратете ги сите новости и пријавете се на линкот на Facebook настанот на CareerLaunch.