
Мобилните царински тимови на Царинска управа во текот на изминатите денови сузбија повеќе случаи на криминални активности, меѓу кои и обид за трговија со фалсификувани маски за телефон „Apple” при што запленети се вкупно 5,6 илјади парчиња.
– Мобилен царински тим заплени над 5,6 илјади парчиња фалсификувани маски за телефон „Apple” коишто увозник од Скопје со намера да го скрие делото, логоата ги прикривал со пластифицирани налепници. За истото по поведена постапка за повреда на право од интелектуална сопственост, е утврдено дека станува збор за фалсификувана стока која во нашата држава требало да се продава како оригинална. Вкупната проценета вредност доколку би се продавале како оригинални е 5,6 милиони денари, велат од Царина.