Царинската управа денеска ќе додели одобрение за овластен економски оператор, што ќе и овозможи на компанијата сама да го врши царинењето. Добивањето на одобрение значи дека компанијата ќе има повластици во однос на царинењето, контролата и добивањето на други одобренија од царината.
Од Управата најавија дека до крајот на оваа година треба да се издадат најмалку две до три овластици. Продобивките ќе бидат во тоа што ќе се намалат можностите од контрола и процедури за компаниите кои имаат голема фреквенција на царинење. На компаниите ќе им се намалат трошоците, а тие ќе можат да го контролираат времетраењето на испораката на стоката.
Компаниите кои ќе ги добијат овие одобренија за овластени економски оператори, потребно е да имаат развиени интерни контролни системи.