Царинската управа одржува работилница во Штип

15

Новини при вршењето на инспекцискиот надзор поврзан со царинските постапки е темата на која денеска во Штип ќе се одржи работилница.

Работилницата ќе ја одржат Царинската управа на Македонија, Советодавното тело и инспекциските служби, а претставува продолжение на активностите низ големите градови за презентација на темите за новините при вршењето на инспекциски надзор поврзан со царинските постапки.