Carlsberg сака да ја преземе кинеската Chongqing Brewery Company

22

carlsbergДанскиот произведувач на пиво Carlsberg објави дека дал понуда за делумно преземање на кинеската пивара Chongqing Brewery Company (CBC), чија вредност се проценува на 461,49 милиони долари.

Доколку биде прифатена неговата понуда, Carlsberg ќе воспостави контрола над CBC и можеби ќе се стекне со 60% акции на кинеската компанија.

“Нашето работење во Азија е многу важно за нашата стратегија за долгорочен раст и задоволни сме што сега можеме да направиме важен исчекор во Кина”, наведе во соопштението извршниот директор и претседател на управата на Carlsberg, Јорген Бул Расмусен.

Со преземањето на британската пивара Scottish and Newcastle, Carlsberg наследи удел во пиварата Chongqing, а во 2010 година стана најголем акционер со удел од 29,7%.