Carlsberg се откажа од Пивоварна Лашко

91

lasko

Carlsberg во саботата се повлекол од трката за купување на словенечката Пивоварна Лашко, дознава љубљанско Дело.

Главна причина за повлекување се проблемите што ги има со падот на вредноста на рубљата на рускиот пазар, најсилниот продажен пазар за пиво во источна Европа за овој дански пивар. Carslberg во Русија остварува повеќе од една третина од продажбата.

По повлекувањето на Carlsberg, во игра остануваат холандски Heineken како единствен стратешки партнер меѓу потенцијалните купувачи и уште неколку финансиски фондови.