Carlton Dry, сосема поинаква реклама за пиво

27

reklama

Агенцијата Clemenger BBDO Melbourne, во соработка со Таика Ваитити направија серија од осум кратки видеа за австралиското пиво Carlton Dry. Серијата е забавна и малку необична, а целта е на поинаков начин брендот да остане во меморијата на гледачите.

“Carlton Dry брендот е околу забавата, а Hello Beer значи прифаќање на можностите кои постојат кога пријателите се заедно и кога се инвентивни. Сметаме дека спотовите се свежи, забавни и се надеваме дека нашите потрошувачи ќе се однесуваат како во некои од сценаријата. Можеби превртеното танцување ќе стане меинстрим? Ако е така, се извинуваме”, вели генералниот менаџер Ендру Мелдрум.