CarTube – подземни канали за автомобили што ќе го намалат сообраќајниот метеж

22

cartube

Британското архитектонско студио, PLP, создаде проект под името CarTube, што претставува подземен транспортен систем за автомобили, пишува The Architects’s journal.

CarTube ќе ги интегрира постојните автопати во големите светски метрополи во мрежа од мали подземни тунели.

Посебен систем ќе ги контролира автомобилите, коишто ќе може да се движат поблизу еден до друг бидејќи не е потребна асистенција на луѓе. Со тоа ќе се зголеми капацитетот на тунелите, а времето за патување се очекува да се намали за 75%.

Преку посебна апликација, возачите ќе можат да си закажат патување во тунелот, којашто ќе им го пресмета времето на патување до крајната дестинација.