ЦЕБ и додели заем од 97 милиони евра на Македонија

23

Der Euro kommt: Ab 1. Januar 2002 offizielles Zahlungsmittel Управниот одбор на Европската банка за развој при Советот на Европа и додели на Македонија заем во висина од 97 милиони евра, јавува МИА.
Заемот од 97 милиони евра на Република Македонија и е доделен по барање на Владата, а треба да послужи за продолжување на модернизацијата во здравствениот сектор во земјата.
Заемот ќе биде искористен за реновирање на клиничкиот центар Мајка Тереза и Регионалната клиничка болница во Штип.
Овие проекти ќе го прошират пристапот до здравствените услуги и нивен поголем квалитет со подобрување на условите за работа на околу 2.000 вработени во овие установи.
Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) е мултилатерална банка за развој посебно на социјален план. Таа беше создадена во 1956 година како одговор на проблемот со беглаците, а потоа се прилагоди на еволуцијата на социјалните потреби на општествата и зајакнувањето на нивната социјална кохезија.
Заемите на ЦЕБ за проекти предложени од 41 земја-членка се даваат по многу поволни услови и нивната реализација се следи од страна на Банката.