CEED B2B регионална средба помеѓу компании од Македонија, Косово и Албанија

21

ceedНа 4 април, во Приштина, Косово, ќе се одржи CEED B2B регионална средба помеѓу компании од Македонија, Косово и Албанија. B2B (business to business) средбите се одлична можност за компаниите од мрежата на CEED да остварат директни контакти со купувачи или продавачи и да договорат понатамошни соработки за развој или пласман на своите производи или услуги на други пазари.

CEED Македонија е дел од меѓународна мрежа на претприемачки центри кои освен во Македонија, функционираат и во Србија, Бугарија, Косово, Албанија, Словенија, Романија, Црна Гора, Полска, Босна и Херцеговина, Ерменија, Молдавија, Бангладеш, Тунис, Мароко, САД. До сега, на глобално ниво во програмите на CEED учествувале 21.000 претприемачи и бизнис поддржувачи. CEED има инвестирано седум милиони долари за претприемачите во мрежата, има 500 активни членови и 1.100 остварени менторски средби во целиот свет.