ЦЕЕД Македонија и ЦЕЕД Хаб Скопје, во соработка со WorldChicago и US Department of State, ве водат во Чикаго

26

postfb_photo-1

Фото: WorldChicago

Патувајте во САД, сретнете се со компании, стартапи и организации за поддршка на претприемништвото, стекнете искуства и нови знаења во областа на технологијата и претприемништвото.

Министерството за надворешни работи на САД, во соработка со WorldChicago, ќе селектираат 15 учесници од Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Македонија, кои ќе поминат пет недели во Чикаго. За тоа време ќе соработуваат со компании, стартапи, владини агенции, инкубатори, хабови за иновации и други организации што работат на поддршка на претприемништво и иновации. Целта на програмата е да креира услови за доближување на претприемничкиот еко – систем на САД и Чикаго до учесниците од Западен Балкан, а со тоа да креира услови за размена на искуства, учење, остварување нови контакти и пренесување на стекнатите знаења во матичната земја, како и личен развој и развој на компанија односно организацијата на учесникот.

Програмата со наслов Tech Innovation & Entrepreneurship Fellowship Program, благодарение на соработката со ЦЕЕД Македонија и ЦЕЕД Хаб Скопје, оваа година за првпат е отворена и за кандидати од Македонија.

Пријавувањето за програмата Пролет 2018 е веќе отворено. Доколку сте заинтересирани, посетете го следниот линк за повеќе информации: http://www.worldchicago.org/worldchicago-tech-fellowship-program/. На истиот линк се наоѓа и пријавата, па доколку ги исполнувате критериумите, пријавете се најдоцна до 15-ти ноември 2017-та година.

За повеќе информации околу процесот на аплицирање, контактирајте ја Ана Трповска од ЦЕЕД Македонија на следната имејл адреса: atrpovska@ceed-macedonia.org.