CEED Македонија нуди годишна стипендија за три жени претприемачи

77

executive-510500_960_720По повод месецот на жената CEED Бизнис клубот ќе поддржи три жени претприемачи со годишна стипендија, односно ќе покрие 90% од целата сума за членството во Клубот.

Со ова ќе добиете единствена можност да станете дел од CEED Бизнис клубот и да ги искористите сите поволности што ги нуди. Сопственичките на бизниси кои ќе се приклучат на 100-те претприемачи, сопственици на успешни бизниси од Македонија, ќе можат да ги развиваат своите компании, но и да го продлабочат својот личен развој.

16143001_1331187800271945_6239408032389096930_n-2

CEED Бизнис клубот им нуди можност на претприемачите и менаџерите од микро, мали, средни и големи претпријатија, независно од индустријата во која работат, од искуството и времетраењето на фирмата, да ја зголемат продажбата, но и да го унапредат менаџирањето со компаниите преку размена на искуства и информации со други искусни претприемачи и менаџери, учење нови современи техники на менаџирање, проширување на мрежата на контакти и соработници.

Заинтересираните жени претприемачи треба да исполнат пет услови:

  • Досега да не биле член на CEED Бизнис клубот
  • Да бидат основачи на бизнисот
  • Компанијата да брои минимум 10 вработени
  • Бизнисот да постои минимум пет години
  • Да имаат менаџерско искуство минимум 5 години

Рокот за пријавување е до 23.03.2018 година.

Сите оние кои ги исполнуваат гореневедените услови и сакаат да станат членови на единствениот CEED Бизнис клуб можат да се пријават на следниот линк.