CEED Македонија со големо задоволство го најавува дводневниот настан со Арон Браун, бизнис ангел од Швајцарскиот клуб на Бизнис Ангели (BAS), којшто ќе се одржи на 12 и 13 март. Настанот ќе вклучува специјализирана обука за бизнис ангели, како и pitching на бизнис идеи. Активностите ќе се одржат во просториите на CEED Македонија и CEED Hub Скопје.
Господин Браун кој е активен член на BAS од 2005 година, ќе го презентира своето искуство како бизнис ангел, ќе ги запознае присутните со придобивките на бизнис ангелите и зошто треба да да се инвестира во добра бизнис идеја.
Швајцарскиот клуб на Бизнис Ангели е формиран во 1997 година и брои 105 членови.
Сите заинтересирани за обуката можат да се пријават кај Биљана Рамљак на email: [email protected], моб.тел. 076 496 616
Што значи да се биде бизнис ангел
Бизнис ангели најчесто се докажани претприемачи, лица кои се долго на раководни позиции, сопственици на успешни компании, како и останати лица кои поседуваат капитал што сакаат да го инвестираат во бизниси, што според нив можат да донесат брзо враќање на парите и сериозна заработувачка. Бизнис ангелите некогаш финансираат идеи дури и кога постои ризик да останат без своите пари.
Но, Бизнис ангелите се и луѓе кои сакаат деловно да се активираат, со активно учество во реализацијата на проектот во којшто вложуваат или како советници на менаџментот. Тие се ентузијасти и се мотивирани не само од желбата за профит, туку и од желбата да помогнат на друг претприемач.
За CEED Клубот на Бизнис ангели
CEED Business Angels Club (CEED BA Club) е формиран како подклуб на членовите на CEED Business and Learning Club – Gold, во ноември 2013 година и е меѓу првите клубови од ваков вид во Македонија. Од Јануари 2016 година, CEED Business Angels Club е официјално членка на Европската Мрежа на Бизнис Ангели – EBAN (European Business Angel Network).
Во клубот моментално членуваат 16 претприемачи кои се подготвени да инвестираат во бизнис идеи или во постоечки бизниси, доколку идентификуваат потенцијал за раст, иновации и слично. Првите бизнис идеи пред членовите на клубот беа презентирани на 2 април 2014 година. По тригодишното постоење на CEED Business Angels Club, во месец декември 2014 година е направена првата инвестиција, втората во мај 2015, третата во јуни 2016, четвртата во јули 2017. Моментално се разгледуват уште четири потенцијални идеи. Досега биле вкупно презентирани 107 бизнис идеи.