Министерството за надворешни работи на САД и World Chicago во соработка со CEED Македонија нудат уште една можност за учество на Central European Tech Innovation & Entrepreneurship Fellowship Program во Чикаго, програма преку којашто ќе стекнете нови искуства и нови знаења во областа на технологијата и претприемништвото.
Уште една можност за аплицирање на програмата којашто ќе ви овозможи да се сретнете со компании, стартапи и организации во Чикаго коишто работат на поддршка на претприемништвото.
Претприемачи од Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Македонија преку оваа програма есента 2018-та ќе поминат еден месец во Чикаго и ќе имаат можност да соработуваат со компании, стартапи, владини агенции, инкубатори, хабови за иновации и други организации што работат на поддршка на претприемништвото и иновациите.
Апликацијата за пријавување на Програмата Fall 2018 Pro Fellows ќе ја најдете на следниот линк: https://form.jotform.com/80585760320152.
Крајниот рок за пријавување е 30-ти април, 2018-та година.
За повеќе информации околу процесот на аплицирање, контактирајте ја Ана Трповска од CEED Македонија на следната имејл адреса: [email protected].