Цената на кафето ќе расте

49

kafeЖетвата во Виетнам, најголемиот произведувач на кафе од видот робуста, ќе потфрли оваа сезона поради големата суша. Дополнителен проблем е и тоа што во последните години расте побарувачката за ова кафе во Индонезија, третиот најголем светски произведувач на робуста, но растот на побарувачката не го следи раст на производството. Сето ова ќе придонесе за покачување на цената на кафето, пишува Блумберг.

Лоши вести доаѓаат и од Бразил, каде поради лошото време се очекува пад на производството на кафето арабика.

Блумберг напоменува дека познатиот ланец Starbucks за своите производи ги користи зрната на арабика, додека Nestle за своите инстант напитоци го користи кафето робуста.