Цената на нафтата благо падна

29

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна втор ден по ред, откако неодамна го достигна највисокото ниво во последните две години.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,15 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,85 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 152,85 на 151,50 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0540 долари, додека вчера во ова време беше 1,0495 долари.

Еврото зајакна по вчерашната порака од Европската централна банка дека темпото на намалување на каматните стапки може да се намали.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се намали за 0,08 отсто, на 72,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,16 отсто, на 68,60 долари.