
Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, нафтата поскапе, додека пазарите очекуваат податоци за ноемвриската инфлација во Соединетите Американски Држави, кои ќе бидат објавени во 14 часот и 30 минути.
Податоците за нивото на инфлација би можеле да влијаат на одлуката на американската централна банка FED за евентуално намалување на каматните стапки, пренесува Bloomberg.
Индексот DAX на Франкфуртската берза во 9:15 часот падна на 20.336,55 поени, британскиот FTSE 100 на 8.253,68 поени, францускиот CAC 40 на 7.384,19 поени, а московскиот MOEX на 2.505,35 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 44.247,83 поени, индексот S&P 500 на 6.034,91 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 19.687,24 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 68.740 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 72.369 долари.
На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 45,535 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2.692,16 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 5,4228 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,04987, што е за приближно 0,27 отсто помалку отколку на почетокот на тргувањето.
Фото: Pixabay