Цената на огревното дрво останува иста

12

karadzДиректорот на ЈП Македонски шуми, Жарко Караџоски потврди дека цената на огрвното дрво за претстојната зимска сезона нема да се менува во однос на лани.

“Огревното дрво веќе петта година се продава по иста цена, 2.470 денари за просторен метар буково дрво и 2.570 денари за просторен метар дабово дрво во склад. Годинава нема да важи попустот од 10 до 20% што го дававме лани”, рече Караџоски во изјава за медиумите.

Засега не се најавени поволности ни за социјалците.

Тој додаде дека цената на огревното дрво може да биде и пониска, но според него и сегашната цена е задоволителна и реална.

Македонски шуми годинава се очекува да произведе 650.000 до 700.000 метри кубни дрвна маса од кои 150.000 тони ќе бидат техничко дрво, а сето останато огревно дрво.