Цената на суровата нафта се искачи на 65 долари за барел

Цената на суровата нафта од типот Западен Тексас Интермедијар (WTI) се искачи на 65 долари за барел, што е највисоко ниво во последните два месеци, првенствено поради трговските преговори меѓу САД и Кина, како и зголемената побарувачка во текот на летото.

Американски и кинески претставници се состануваат во Лондон по неодамнешните разговори меѓу претседателот Доналд Трамп и Си Џингпинг, поттикнувајќи надежи дека тензиите со царините би можеле да се намалат, зголемувајќи ја глобалната побарувачка за нафта, објави „Трејдинг Екомоник“.

Медиумите потсетуваат дека се приближува врвот на летната туристичка сезона, што обично ја зголемува потрошувачката на гориво и ги зголемува цените.

Геополитичките тензии дополнително го поттикнаа растот, бидејќи Русија започна големи напади со беспилотни летала и ракети врз Киев откако Украина ги нападна руските воздухопловни бази, зголемувајќи го ризикот од продолжување на санкциите врз рускиот извоз на енергија.

На страната на понудата, Саудиска Арабија се залага за значително зголемување на производството на ОПЕК плус од најмалку 411.000 барели дневно во август, со потенцијал за повеќе во септември.