Денеска европските берзански индекси се нерамномерни, американските индекси се во пад, додека на берзите истовремено е забележан раст на цените на нафтата и златото.
Индексот DAX на Франкфуртската берза утрово падна на 19.443,35 поени, францускиот CAC 40 на 7.447,37 поени, додека британскиот FTSE 100 се искачи на 8.304,68 поени, а московскиот MOEX на 2.812,4 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 42.740,42 поени, индексот S&P 500 на 5.815,26 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.315,59 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 71.063 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 74.625 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 40 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.675,04 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,7821 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08780, што е приближно исто како во вторникот.