Во ноември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0,4% на месечно ниво и за 3,3% на годишно ниво, стои во соопштението од Државниот завод за статистика.
Во ноември 2013, во споредба со октомври 2013, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,8%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,5%.
Во ноември 2013, во споредба со ноември 2012, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0,5%, во секторот Преработувачка индустрија за 3,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,5%.
Почетна Новости Македонија Цените на индустриските производи во ноември пониски за 0,4% на месечно ниво