Цените на мало зголемени, трошоците за живот на исто ниво

35

64DEFEBA6C0D8F4AA92F0EBBD3CB4D8BСпоред податоците на Државниот завод за статистика, цените на мало во декември се зголемени за 0,1%, а трошоците на живот се на исто ниво како во ноември.

Забележан е пораст на цените кај зеленчукот за 1,4%, јајцата за 1,2%, месото за 0,7 % и преработките од месо за 0,5%.

Кај трошоците на живот пораст има кај мебелот за 0,9%, средствата за образование за 0,5%, средствата за хигиена и храната и пијалокот во ресторани и хотели за 0,3%.

Споредено со ноември забележано е намалување на трошоците на животот во декември и тоа кај мастите за 5,2% , овошјето за 3,7%, рибата за 0,8%, преработениот зеленчук за 0,4% и млечните производи за 0,3%. Исто така намалување има и кај течните горива и гасот за 0,5% и нафтените деривати за 0,2%.

Во 2012 движењето на цените на мало било различно по одделни групи на производи. Пораст е забележан во групите Непрехранбени индустриски производи за 5,8%, Земјоделски производи за 3,1%, Индустриско-прехранбени производи за 2,4%, Услуги за 1,5% и Пијалоци за 0,4%.

Кај трошоците на живот забележан е пораст во групите Огрев и осветление за 11,1%, Облека и обувки за 5,3%, Сообраќајни средства и услуги за 2,8%, Хигиена и здравје за 2,7%, Стан (станарина, вода и услуги) за 2,5%, Исхрана и Ресторани и хотели за 2,4%, Култура и разонода за 1,6%, Покуќнина за 0,3% и Тутун и пијалоци за 0,1%.