Цените на нафтата остро паднаа на азиското тргување денеска. Трговците се загрижени за влијанието на штетата предизвикана од ураганот Милтон.
Тие се загрижени и за можните ограничувања на снабдувањето поради зголемените тензии меѓу Израел и Иран.
Барел нафта од 159 литри за испорака во ноември на азиското тргување беше 75,40 долари, што е за 45 центи помалку од четвртокот. Декемвриските фјучерси на нафтата Брент паднаа за 53 центи на 78,87 долари, пренесува новинската агенција Ројтерс.