Цените на нафтата паднаа, доларот зајакна во однос на еврото

109

На девизните пазари,  вредноста на доларот во однос на кошницата валути стагнира, по минатонеделниот раст од над 2 отсто.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,50 поени, како и во петокот навечер.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 148,70 на 148,45 јени.

Сепак, американската валута благо зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0970 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0975 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа, откако минатата недела скокнаа за повеќе од 8 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се намали за 0,40 отсто, на 77,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,28 отсто, на 74,15 долари.