Цените на нафтата пораснаа втора недела по ред

67

Глобалните цени на нафтата пораснаа втора недела по ред минатата недела, бидејќи трговците се надеваат на посилна побарувачка откако американската централна банка ги намали каматните стапки, што треба да го поттикне економскиот раст.
На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 4,1 отсто, на 74,49 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 4,8 отсто, на 71,92 долари.

Зголемувањето на цените втора недела по ред се должи, меѓу другото, и на намалувањето на каматните стапки во САД.

Во средата, американската централна банка ги намали каматните стапки за 0,5 процентни поени, на 4,75 до 5,00 отсто, и рече дека до крајот на годината може да ги намали за уште 0,5 процентни поени.

Пониските каматни стапки вообичаено ја стимулираат економската активност и побарувачката на енергија, но за тоа ќе биде потребно извесно време.

Цените беа поддржани и од ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток по експлозиите на илјадници пејџери низ Либан, во кои загинаа и ранети беа неколку илјади членови на Хезболах.

Трговците стравуваат дека оваа ескалација на конфликтот може да го наруши снабдувањето од Блискиот Исток, каде што се произведува една третина од светската нафта.