Цените на нафтата растат

На светските пазари, цената на нафтата благо порасна минатата недела, втора недела по ред, поради новите санкции на САД за иранската нафта и можното намалување на производството од страна на неколку членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК). Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 2,1 отсто, на 72,16 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,6 отсто, на 68,28 долари.

Зголемувањето на цената се припишува на новите санкции за иранската нафта, кои Вашингтон ги воведе на крајот на неделата.

Така, за прв пат ја санкционираше независната кинеска рафинерија Шандонг Шугуанг Лугинг Петрохемиа и бродот што ја снабдува со иранска нафта. Санкции беа воведени и на нафтениот терминал заливот Хуајинг Хуижоу Даја во Кина. Одлуката испрати порака до пазарот дека кинеските компании, најголемите купувачи на иранска нафта, не се имуни на притисокот од американските санкции, велат аналитичарите.

Тие проценуваат дека заострените санкции ќе го намалат иранскиот извоз за еден милион барели дневно, а во февруари се проценува дека Иран извезол нешто повеќе од 1,8 милиони барели дневно.