
Цените на нафтата денес паднаа на најниско ниво во последните три месеци, но инвеститорите и компаниите за танкери сè уште чекаат дополнителни детали за договорот меѓу САД и Иран за прекин на конфликтот на Блискиот Исток. Суровата нафта од типот Брент, објави Си-Ен-Ен, моментално е намалена за 1,25 проценти на 82,13 долари за барел, додека фјучерсите за испорака на американската сурова нафта од типот Западен Тексас (West Texas Intermediate) паднаа за 1,41 процент на 79,67 долари за барел.
„Хапаг-Лојд“, германскиот глобален гигант за контејнерски превоз, ја поздрави можноста за мировен договор и прекин на сите воени активности во регионот како „добра вест за нас, нашите екипажи и нашите клиенти“.
„Се надеваме дека нашите преостанати четири брода ќе можат да поминат низ Ормутскиот теснец овој викенд“, соопшти компанијата, пренесува порталот.











