Во ноември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0,1% на месечно ниво, а се пониски за 4,0% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во ноември 2013, во споредба со октомври 2013, продажните цени на производителите на индустриски
производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,1%, а во секторот
Преработувачка индустрија останаа на исто ниво.
Во ноември 2013, во споредба со ноември 2012, продажните цени на производителите на индустриски
производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,5%, а во секторот
Преработувачка индустрија за 4,3%.