Цените на угостителските производи во ноември и декември на исто ниво

36

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2013 година, во споредба со ноември 2013 година, остана на исто ниво.

Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2013 година, во однос на истиот месец од претходната 2012 година, е намален за 0,1%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, е зголемен за 1,1%, додека во однос на декември 2012 година е зголемен за 0,9%.