Цените на златото се на ново рекордно ниво

120

Европските и американските берзански индекси денеска главно се во благ пораст, цените на златото повторно уриваат рекорди и се искачија на нов историски максимум, додека на пазарите истовремено е забележан пад на цените на нафтата и на пченицата.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 71.275 долари, а на нафтата „брент“ на 75.588 долари. На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 40.990 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.752,53 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,7389 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07841, што е приближно исто како во вторникот, пренесува Танјуг.

Фото: Pixabay