Цените на златото на крајот на минатата недела првпат надминаа 2.700 долари, а во понеделникот продолжија да растат.
Имено, инвеститорите бараат безбедно засолниште за својот капитал во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток и зголемена неизвесност пред претседателските избори во САД.
На физичкиот пазар, унца злато во петокот околу пладне изнесуваше 2.712,86 долари и беше за 0,7 отсто поскапо од претходниот ден. На неделно ниво тоа е раст од два отсто.
На американскиот пазар со злато се тргуваше и во фјучерси по повисока цена од 0,7 отсто, односно 2.726,25 долари за унца.
Растот на цените продолжи и во понеделникот, па Ројтерс јавува дека цената на спот златото достигна нов рекорд од 2.732,73 долари за унца.